Македонија

Кои експратеници добија апанажа: одобрени 29 барања, најголем дел од СДСМ

Комисијата за избори и именувања им ги одобри барањата за апанажа на 29 експратеници, меѓу кои најголемиот дел се од сега опозициската СДСМ, па од ДУИ, но и од експратеници кои делувале како независни. Барање за апанажа им е одобрено и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги напуштија собраниските клупи.

Најголемиот дел од апанажите се во траење од една година, во која пратениците ќе треба да се снајдат и да си најдат работа, а има и такви кои ќе ја земаат пократко односно до нивно пензионирање.

Целиот список:

Според Законот, право на апанажа три месеци, има пратеник кој ја вршел функцијата до шест месеци, на апанажа до шест месеци има право само пратеник кој ја вршел функцијата до 12 месеци. Доколку лицето било пратеник 24 месеци или повеќе, тогаш поранешниот пратеник има право да зема надоместок 12 месеци.

Исто така, со законот се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Правото на апанажа може да престане доколку поранешниот пратеник стекне право на пензија, кога тој ќе побара, кога ќе се вработи и ќе биде избран или именуван на друга функција врз основа на која остварува плата. Ова право може да престане доколку лицата се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие.

На почеток