Свет

Сослушан осомничениот за убиството на Данка Илиќ: Еве што изјавил Срѓан Јанковиќ во обвинителството

Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на девојчето Данка Илиќ во Бањско поле, денеска беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство во Зајечар и во таа прилика изјави дека воопшто не го видел девојчето кобниот ден.

Јанковиќ речиси два месеци молчеше и одбиваше да зборува, а минатата недела, како што пренесуваат белградските медиуми, преку адвокатот изјавил дека сака да ја изнесе својата одбрана.

„Расправата заврши. Срѓан Јанковиќ негираше дека го сторил делото. Дури рече дека кобниот ден воопшто не го видел девојчето“, велат за Нова.рс од Вишото јавно обвинителство Заечар.

На почеток