Поплавите парализираа и дел од Словенија: Жителите евакуирани, куќите поплавени
Во градот Борачева во Словенија обилните врнежи доведоа до поплави каде беа поплавени околу 100 куќи, а жителите се евакуирани поради лизгање на земјиштето.
Беше објавено и дека водата од чешма во моментов не е погодна за пиење, јавува ТВ Словенија. Во општините Горња Радгона и Раденци, каде што се наоѓа градот Борачево, предизвикани се најмалку 16 одрони, кои ги загрозуваат снабдувањето со електрична енергија, водоводната и канализациската мрежа.
Неколку патишта беа поплавени и сè уште се затворени или тешко вози. Обилните врнежи од град и ветер предизвикаа проблеми во Штаерска и Корушка, а најмногу проблеми на истокот на Словенија.
Во Дирекцијата за заштита и спасување пристигнале 131 пријава за инциденти во кои интервенирале 47 противпожарни единици, а големи проблеми имаат и општините Мајшперк, Видем, Жетале, Птуј, Лашко и Равне. Во населбата Мељски Хриб во општина Марибор од удар на гром се запали поткровје на станбена зграда.
Според првите проценки, направена е огромна штета од неколку стотици илјади евра, поточно се проценува дека штетата на комуналната инфраструктура е околу 400.000 евра, а на приватни објекти милион евра.