Свет

Експлозија во израелска база: Девет војници повредени

Девет израелски војници се повредени во експлозија на експлозивна направа во база на југот на Израел, соопшти денеска израелската армија.

Во соопштението се наведува дека во инцидентот вчера двајца војници се тешко ранети, уште седум се полесно повредени, пишува Тајмс оф Израел.

Сите се префрлени на лекување во болници, а израелската армија ги истражува причините за експлозијата, се наведува во соопштението.

На почеток