Свет

Таткото на Данка за изјавата на осомничениот за нејзиното убиство: Ме погоди, нема да им простам

Таткото на малата Данка Илиќ, Милош Илиќ го коментираше изненадувачкото сведочење на еден од двајцата осомничени за нејзиното убиство. Да потсетиме, осомничениот Срѓан Јовановиќ вчера на неколкучасовниот распит изјави дека не е виновен за тоа дело.

Според деталите од сведочењето што протекоа во српските медиуми, тој тврди дека не е виновен ниту за првичниот автомобилски удар во девојчето ниту за нејзиното убиство. Притоа, осомничениот за нејзиното убиство изјавил дека не ја ни видел на 26 март годинава.

“Шокиран сум од ова што се случи денес. Зошто чекаше два месеци за да демантира се сега. Се надевам дека оваа агонија ќе заврши што е можно поскоро, не го очекував ова. Морам да кажам дека ме погоди, нема да им простам“, рече синоќа таткото на Данка, Милош Илиќ, коментирајќи го потегот и однесувањето на осомничениот за убиството на неговата ќерка.

Тој рече дека е сосема нечуено осомничениот да демантира се.

„Ја крена цела Србија на нозе, сите чекаа да открие нешто, а тој рече – немам врска со тоа. Верувам дека можеби ќе знае нешто“, рекол таткото на Данка.

Тој откри дека поради негативните коментари во јавноста дека неговото семејство е вмешано во ова грозоморно злосторство, тие се повлекле од социјалните мрежи, пренесува Блиц.

На почеток