Македонија

Со автоматска пушка пукал убиецот во тетовско Боговиње – оружјето го криел негов пријател

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.M.(51) од тетовско Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Н.А.(73) од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање на сторител по извршено кривично дело“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 02.06.2024 околу 10.15 часот пред угостителски објект во Боговиње, поради претходно меѓусебно нетрпение, првопријавениот со автоматска пушка испукал еден куршум кон А.Џ.(50) и го усмртил. Набргу, М.М. бил пронајден и лишен од слобода и во неговото возило била пронајдена автоматската пушка со која го сторил делото. Откако првопријавениот го извршил делото, второпријавениот Н.А. од домот на М.М. зел рамка од автоматска пушка со два куршуми и ги сокрил во неговата куќа.

Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

На почеток