Скопје

Двајца малолетници натепани во Скопје, а во Шутка натепан и тинејџер

tepacka gjorce

Vа 03.06.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Т.Т.(42) од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (04.06.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.Б.(56) од Скопје пријавил дека на 02.06.2024 околу 12.00 часот во с.Визбегово, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (04.06.2024) во 01.35 часот во СВР Скопје, Л.М.(18) од Скопје пријавил дека на 02.06.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток