🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

ВМРО-ДПМНЕ: Цели дваесет дена владее хаос на Клиниката на хирургија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
klinika-hirurski-kliniki-4

,,Цели дваесет дена владее хаос на Клиниката на хирургија, 20 дена владее тотален колапс во терцијалното здравство во Македонија. Клучната клиника кај што се изведуваат најкомплицираните хируршки операции и кај што се третираат најтешките случаи во Македонија, не функционира поради неодговорноста на власта во заминување.

— реклама —

Министерот за здравство префрла вина, заменичката министерка прославува родендени, а 12 директори молчат и се кријат за овој скандал. Неброени операции се одложени, животи на луѓе се загрозени, а десетици луѓе дневно се препраќаат во други здравствени установи или приватни клиники и некој си игра пинг понг со нивните судбини.

20 дена не се врши санација на хируршките сали, ниту пак се наоѓа решение за состојбите, што е врв на негрижата која СДС и ДУИ ја покажаа кон народот сега на заминување. Не би сакале да веруваме дека нивната ваква неодговорност е одговор на волјата на граѓаните изразена на изборите. Скандалот да биде поголем се работи за санација која чини се на се 120 илјади евра и оваа екипа од СДС и ДУИ во 7 години власт не најде простор да ја реализира. Ако овие 7 години работеа како што треба, немаше да се доведеме во ситуација како држава здравјето на толку голем број граѓани и здравствениот систем во целина да бидат доведени во прашање. Да се случеше нешто слично во европска држава, досега раководните функционери не само што ќе беа „искуферени“ од нивните фотелји истиот ден, туку следниот ден ќе беше поведена постапка за нивна одговорност пред законите.”, изјавиј од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjjip8s742fi74pm7qBb

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника, Владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за било какво сместување мигранти во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-library8fj4dd2nbpsa30fAKxN

Петрушевска: За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години се направи охрабрувачки чекор во делот со борбата со корупцијата

Македонија | пред 1 ден

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Тендерска војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Сигмоид груп“ со обемен демант

Македонија | пред 1 ден

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

„Новата сила“ на СДС е старото раководство на Заев, oва е најлошиот состав во историјата на партијата, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања