Македонија

Петровска, Филипче и Деспотовски се очекува денес да поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ

Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, поранешната министерка за обрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, денеска се очекува да ги поднесат своите кандидатури за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Во медиумите се споменуваше дека е можно да се кандидира и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае до утре. Право да поднесат претседателска кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите, меѓу кои, да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од партискиот Конгрес за член на некој од органите на партијата.

Внатрепартиските избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски и раководството на партијата по поразот што партијата го претрпе на парламентарните избори, на кои освои 18 пратенички мандати.

На почеток