Македонија

ЦУК: 1 926 повици на 112 во последното деноноќие, три пожари на отворено и внимателност при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 926 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,92%, а 40,08% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,38%, кон Итната медицинска помош 31,35%, а кон пожарникарите 3,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 782 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,97%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(40,08%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Три пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие. Пожарникарите интервенирале за гаснење запалена ниска вегетација во Скопскиот регион, во Општина Бутел во населба „Визбегово“, во Општина Карпош, во населба „Злукуќани“ и во Општина Сарај, кај обиклницата Скопје-Тетово.

Внимателност се препорачува при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, на повисоките места – на планините, таму каде што ќе ги има, според најавите на метеоролозите на УХМР, а што медиумите редовно и навремено ги пренесуваат, емитуваат.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

На почеток