Свет

(Видео) Напад на американската амбасада во Бејрут: Ранет чувар, се трага по еден од напаѓачите

Припадник на обезбедувањето на американската амбасада е ранет денеска во Бејрут, Либан, во напад на aмбасадата, во кој учествувале тројца напаѓачи.

Еден од нив е убиен, друг ранет, а потерата по третиот напаѓач е во тек, пренесува либанскиот портал ЛБЦ.

Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и дека повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница, пренесува АП.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час. Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот на амбасадата не бил повреден за време на нападот.

На почеток