Свет

Бајден денеска пристигнува во Европа, го чекаат Макрон и Зеленски. Ќе испрати порака до Русија

Макрон: Французи, борeте се против антисемитизмот

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во Франција, каде ќе се одржат комеморации по повод Денот Д, и каде неговиот домаќин Емануел Макрон сака да го покаже единството на Запад околу војната во Украина.

Џо Бајден треба да пристигне во Париз утрово, а потоа ќе се приклучи на комеморацијата по повод Денот Д, на која ќе бидат и кралот Чарлс III, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот претседател Серџо Матарела и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Белата куќа потврди и дека Бајден ќе се сретне со шефот на украинската држава.

Кабинетот на францускиот претседател не ја крие желбата да го покаже единството на Западот во време кога Европа ја погодува нова војна. Конкретно, Макрон треба да ги разјасни своите намери во врска со можното испраќање воени инструктори во Украина.

На почеток