Свет

Нетанјаху на границата со Либан: Израел е подготвен за многу силна акција на север

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја посети северната граница на Израел со Либан и изјави дека Израел е подготвен за „многу силна акција на северот“.

„Кој мисли дека може да не повреди и дека ќе седиме мирни, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. На овој или оној начин, ќе ја вратиме безбедноста на северот“, рече Нетанјаху.

Градовите на северот на Израел беа честа цел на воздушни напади на либанската милитантна група Хезболах, а оваа недела нападите предизвикаа шумски пожари кои се проширија низ северот на земјата, пренесува Ројтерс.

Израел и Хезболах разменија напади во последниве месеци додека беснее војната во Газа, што ги зголемува стравувањата од поширок конфликт. Судирите меѓу двете страни се најлоши од 2006 година, кога Израел и Либан водеа војна што принуди десетици илјади луѓе од двете страни да ги напуштат своите домови во близина на границата.

На почеток