Свет

(Видео) Американците тестираа проектил кој може да стигне до Москва и Пекинг за 30 минути

Соединетите Држави лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета вчера рано наутро од вселенската база Ванденберг во Калифорнија. Тоа е првото од двете пробни лансирања планирани за оваа недела, пренесува CBS.

Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Minuteman III додека лета на небото северно од Санта Барбара.

Во соопштението се вели дека пробната програма за лансирање е дизајнирана за „да се потврди безбедноста, ефективноста и подготвеноста на системот за оружје“. Minuteman III патувал преку 6.400 километри со брзина поголема од 24.000 километри на час до Маршалските Острови во централниот дел на Пацификот.

„Овие тестови се од огромно значење, не само за одбраната на нашата нација, туку служат и како клучен момент за прикажување на исклучителните способности и експертиза на нашиот посветен тим“, рече полковникот Брајан Титус, заменик командант на единицата за вселенско лансирање Делта 30 на армијата.

На почеток