Свет

Израелската војска ја презеде одговорноста за воздушниот напад

Израелската војска утрово ја презеде одговорноста за воздушен напад врз училиште на Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (UNRWA) во Појасот Газа, за кое тврди дека е „база“ на Хамас во која загинаа најмалку 27 лица.

„Воени авиони извршија прецизен напад врз база на Хамас лоцирана во внатрешноста на училиштето УНРВА во регионот Нусејрат“, соопшти израелската војска, додавајќи дека „неколку терористи се убиени“.

Во тој комплекс дејствувале терористите на Хамас и Исламскиот џихад кои учествувале во нападот на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, соопшти израелската армија.

Хамас соопшти дека најмалку 27 лица загинале и „многу се повредени“ во нападот на кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Пред нападот, болницата прими тела на најмалку 70 мртви и повеќе од 300 ранети, главно жени и деца, од вторникот по израелските напади врз централните области на Појасот Газа, соопштија Лекари без граници.

На почеток