Свет

Торнадо во Мичиген: Дете загина, мајката во тешка состојба

Двегодишно момче загина, а неговата мајка е тешко повредена кога во средата торнадо урна дрво кое паднало врз нивната куќа во предградие на Детроит во американската сојузна држава Мичиген.

Во исто време пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога торнадо собори дрво на куќа во Гајтерсбург во американската сојузна држава Мериленд, пренесува АП.

Детето починало на местото на настанот, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека 2-годишното бебе, кое било во креветче во посебна просторија, не е повредено и е пренесено во болница, соопшти Противпожарниот шеф на Ливонија, Роберт Џонсон.

Спасувачките екипи работеа речиси еден час на отстранување на урнатиот покрив и делови од паднатото дрво за да ги извлечат жртвите.

Официјални лица на Ливонија објавија на веб-страницата на градот дека торнадо погоди неколку населби во градот во средата попладне.

На почеток