Судиите денес избираат двајца нови членови на Судскиот совет

Од
Објавено на

Судиите денеска гласаат за избор на два нови члена на Судскиот совет, еден од врховните судии и еден од апелационото подрачје Битола.
Кандидати од Врховниот суд се Цветанка Периќ и Исамедин Лимани. Од апелациското подрачје Битола се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска (Апелационен суд Битола) и Александра Поп Стефанија (Основен суд Охрид).
Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот. Судиите гласаат тајно за кандидати од своето апелациско подрачје, а врховните судии за кандидати од Врховниот суд.
По затворањето на гласачките места, Избирачкиот одбор составува записник до 18 часот и ја известува Комисијата за избор.
