Свет

(Видео) Украинците објавија видео од нападот: Уништивме брод на руската Црноморска флота на Крим

Ej-би-си: Украина е во голема неволја

Специјални сили на украинската воена разузнавачка агенција уништија уште еден брод на руската Црноморска флота, соопштија денеска украински извори.

Во соопштението за медиумите на украинското воено разузнавање, се наведува дека утринава специјална единица извршила успешен напад на руски шлепер во близина на брегот на привремено окупираниот Крим.

Реморкерот бил во водите на езерото Панске на Крим и бил целосно уништен, се наведува во соопштението. Украинците објавија и видео направено од борбен поморски дрон кој, како што тврдат, уништил руски брод.

На почеток