Поплавени точки во Европа: Критично во 4 земји, Унгарија се подготвува за голем бран на Дунав
Обилни дождови и поплави зафатија делови од Германија и Италија, поради што на жителите на погодените области им беше препорачано да ги напуштат своите домови, додека некои се водат како исчезнати. Секојдневно се зголемува бројот на жртвите, а поплавите сега стигнуваат до Австрија и Унгарија, поради нивото на реката Дунав, кое постојано расте поради врнежите. Под удар на невремето е и соседна Словенија, каде жителите беа евакуирани поради лизгање на земјиштето предизвикано од поплави.
Предупредувањето за поплави останува на сила во делови од јужна Германија, иако неколку региони се под вода со денови. Количината на врнежи полека се намалува, но постои голема опасност кога се во прашање два големи региони на Германија.
Во Италија, локалните медиуми јавуваат дека тројца млади лица загинале поради излевање на река на североистокот на земјата, што довело до поплави.
Поплавите предизвикани од силниот дожд во кој викендов загинаа пет лица во Германија, а на почетокот на неделата набрзо се проширија и во Австрија и Унгарија.
Времето ги зафати и блиските земји Унгарија и Полска. Во Унгарија, синоптичарите предупредија на значителни врнежи од дожд во наредните денови, а постои загриженост дека порастот на нивото на водата ќе се прошири и на Дунав во Словачка.
Во градот Борацева во Словенија обилните врнежи доведоа до поплави каде беа поплавени околу 100 куќи, а жителите се евакуирани поради лизгање на земјиштето.