Поплави во Кичево, Сарај и Тетово: Екипите спасиле заглавени граѓани во Беловиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-library2b09m5rfok0825vZxjM

Во текот на изминатите денови, како резултат на обилните врнежи, повеќе општини се соочија со поплави и излевање на реки. ДЗС дејствуваше во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), локалните власти и населението за справување со поплавените куќи, дворови и објекти.

— реклама —

„Конкретно, тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска, согласно потребите и можностите во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) ангажирани за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид, а и други општини што преку 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавите и барања помош, а секако и од директни пријави од општините.

— реклама —

Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во Општина Сарај, во поплавените села Буковиќ и Семениште, каде што имаше над 30 поплавени куќи и дворови), покрај тимовите на ДЗС, интервенираа екипи на Општина Сарај, на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Активностите беа насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.

— реклама —

Во Општина Липково, во кумановскиот регион, реката Слупчанка беше излегла од своето корито во село Опае, при што беше зафатен дел од населеното место. Излевање беше регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде што беа поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени материјални штети од жителите, освен штети на обработливо земјиште.

Инаку, во Кратовско и во Кривопаланечко не беа пријавени поплави.

Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и имаше проблеми со одводните канали. Беа пријавени свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште при што патен правец е затворен за сообраќај, а кон селото Једуарце, патот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвиваше отежнато, а од вчера беше воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси. Засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци. Снабдувањето со струја и вода е стабилно.

Во гостиварскиот регион беа пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти, конкретно во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, коишто безбедно се извлечени. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, при што се зафатени земјоделски површини и постои ризик за објектите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Била ангажирана механизација за расчистување на речното корито.

Според информациите од ЦУК за охридско-кичевскиот регион, во Охрид состојбата била стабилна и немало пријави за излевање или поплави. Во Кичево, по излевањето на Зајашка Река, се поплавени повеќе куќи и дворови (над 200 лица се евекуирани), а попладнето се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, а и на деца од поплавените објекти. На пример, локалната професионална ТППЕ - Територијална противпожарна единица Кичево во претходната поплава и во оваа од утрово, изврши преку 250 евакуации на загрозени лица, истовремено вршејќи испумпување на надојдена вода од витални објекти и институции, а се расчистуваше и автопатот кај Колари за поголема безбедност во сообраќајот. Акцијата на сите ангажирани субјекти од системот за заштита и спасување продолжи сношти и во текот на ноќта, а лицата коишто немаа услови за престој во нивните поплавени домови се сместени најмногу во спортската сала во Кичево, при што директорот на ДЗС Ангелов директно ја следеше и координираше ситуацијата за заштита и спасување и директно преку заменик директорот Кашмир Салиу којшто сношти остана на терен во кичевско. Од подрачните одделение за заштита и спасување на ДЗС од Охрид и од Кичево се издадени полски кревети за евакуираните, а и пумпи за испумпување вода.

ДЗС и денеска планира да дејствува на терен таму од каде што ќе биде побарана помош и континуирано ги следи состојбите во координација со ЦУК и со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) во доменот на заштитата и спасувањето од поплави“, велат од ДЗС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Македонија | пред 1 час

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Македонија | пред 6 часа

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Критична ситуација во Гостивар и Кичево – поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани 220 лица

Македонија | пред 9 часа

media-libraryr3d7tn2112ete0IwLyv

(Видео) Кавадарци испрати помош за поплавеното Кичево: Две возила, шест пожарникари и пумпи за испумпување вода

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања