Македонија

(Видео) Владата ќе биде составена набргу од денеска, кажа Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски, кажа дека уште денеска ќе биде составена новата Влада.

„Набргу денеска ќе биде составена новата Влада, реформска Влада, која основа цел ќе и бидат реформи, за да не тонеме како држава во политичко мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме државата“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека не може да ги открие предлозите за членовите на Владата, поради тоа што, почнуваат внатре-партиски консултации. Посочи дека целта е мнозинство од 2/3 во парламентот, па посочи дека Владата реално може да се избере уште утре.

На почеток