Македонија

Мицкоски бара Гаши да се извини ако кажал дека негова татковина е Косово, а не Македонија

Собранискиот претседател, Африм Гаши, треба да се извини веднаш ако кажал дека негова татковина е Косово, порача мандатарот Христијан Мицкоски.

„Изјавата на Гаши не сум ја слушнал. Мислам дека неговата татковина е Македонија, а од тоа што сум разговарал и од него сум слушнал е дека наша заедничка татковина е Макеоднија. Ако има таква изјава, треба да им се извини на граѓаните на Македонија, бидејќи од тука тој зема плата, и од страна на Македонците, Албанците, Турците е избран за претседател на Собрание“, рече Мицкоски.

Новиот претседател на Собранието Африм Гаши во интервју за „РТК“ зборувал за историјата на неговото семејство кое во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје.

„Во 50-тите години на минатиот век дедо ми работеше во Скопје, а поради техничките причини на тогашниот отежнат превоз купил мал дом во центарот на Скопје и семејството го однел овде, но по земјотресот се вратиле во родниот град. ЗА кратко време, потоа се вратија во Скопје и оттогаш дедо ми, вујковците и тетките живеат во Скопје. Јас сум роден во Скопје, а моите двајца братучеди продолжија да живеат во Качаник“, рекол Гаши.

Според неговите зборови, „луѓето родени по деведесеттите не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово“.

На почеток