Нема да бидеме подлизурковци, порача Мицкоски по новите изјави на Мицотакис
Нема да бидеме подлизурковци и да се однесуваме како деспоти, за да ве ограбуваме вас, порача Христијан Мицкоски, во однос на кавгата помеѓу него и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според него, Македонија го исполнила во целост и го исполнува Преспанскиот договор.
„Кога ќе бидеме внатре во институциите, ќе имаме дипломатска активност. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, нема да градиме споменици и да пеименуваме автопати, туку сакаме да градиме соработка. Тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори, а внимателно ќе влечеме чекори“, рече Мицкоски.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш му испрати порака на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога и официјално ќе стане премиер, да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа, а во спротивно, единственото што тој може да се постигне е „непријатно прво искуство“ на самитот на НАТО на почетокот на јули.
„Во однос на Скопје мојата порака до кандидатот за премиер е многу јасна. Заврши предизборниот период. Договорот од Преспа, кој за нас имаше многу проблеми, но главното достигнување е име за секого, ерга омнес, мора да се почитува. И дајте категорична изјава, кога и официјално ќе ја преземе премиерската функција, дека го почитува Договорот од Преспа“, рече Мицотакис.