Земјотрес ја погоди Франција

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Франција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 6:36 часот по локално време, на девет километри од градот Анеси во Франција или на 32 километри од Женева во Швајцарија. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
Нема информации за повредени и материјална штета.
