Свет

Трамп за мигрантите: Овој проблем може да се реши со воведување царини

Трамп: Бајден нека скапува во пеколот, среќен Божиќ

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави вчера дека ако победи на изборите во САД во ноември, може да воведе царини за земјите, вклучително и Кина, кои не го ограничуваат приливот на имигранти. Трамп ова го кажа на предизборен митинг во пограничната држава Аризона одговарајќи на прашање од публиката и не ја прецизираше големината на тарифите што ќе ги воведе во такво сценарио.

Запрашан за начините на кои тој ќе го спречи протокот на мигранти кои илегално доаѓаат во САД, Трамп рече: „Имаме огромна економска моќ“. Тој додаде дека ако една земја, како што е Кина, не помогне да се спречи приливот на мигранти во САД, постојат „работи кои се нарекуваат царини“. Тој предупреди дека ако другите земји не помогнат да се намали, тој може да ја „оданочи таа земја“ доколку биде реизбран.

Безбедноста на границите и имиграцијата се појавија како главни прашања за Американците пред изборите на 5 ноември на кои Трамп ќе се соочи со претседателот Џо Бајден, демократот избран за Белата куќа во 2020 година.

Повеќето од луѓето кои илегално преминуваат во САД се од Латинска Америка. Според владините податоци, американската гранична патрола уапсила повеќе од 27.000 кинески мигранти фатени како илегално ја минуваат границата со Мексико од 1 октомври 2023 година до 30 април 2024 година, дел од наглото зголемување на кинеските пристигнувања.

На почеток