Свет

Русија потпиша: Ова е нашата рута за една година

Путин одржа голема годишна прес-конференција: „Не знам зошто воопшто Украинците напаѓаат“

Руската државна нуклеарна агенција Росатом потпиша меморандум за разбирање со кинеска бродска компанија за воспоставување контејнерска линија меѓу двете земји преку Арктичкиот северноморски пат (НСР).

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за изгледите за арктичкиот коридор додека Русија ја насочува својата трговија кон исток како одговор на западните санкции поради конфликтот во Украина.

Роастом објави дека договорот со кинеската компанија Hainan Yangpu NewNew Shipping Co. Ltd да основа заедничко вложување за проектирање и изградба на контејнерски бродови и заедничко работење на бродската линија, пренесува Ројтерс.

Договорот беше потпишан на годишниот економски форум на Русија во Санкт Петербург, а Владимир Панов, специјалниот претставник на Росатом за развој на Арктикот, рече дека се планирани 12 патувања за 2024 година и дека компаниите се надеваат на крајот да испорачаат до 50 милиони тони товар секоја година.

„Нашата главна задача е да изградиме до пет бродови од класата Арктик, што ќе и овозможи на компанијата да оперира на Северниот поморски пат во текот на целата година“, додаде Панов.

Минатата година, Роастом започна заедничко вложување со Дубаи DP World за развој на транспорт со контејнери преку Арктикот, рута што е остварлива поради топењето на арктичкиот мраз поради климатските промени.

Панов рече дека Росатом во 2023 година превезла над 2 милиони тони транзитен товар, што е „рекордна“ сума.

„Годинава сега работиме со шпедитери, можеме да зборуваме за нов рекорд – планираме да транспортираме до 3 милиони тони“, посочи Панов.

Извршниот директор и претседавач на DP World, Султан Ахмед бин Сулејем, рече дека NSR го менува превозот, со проблеми со синџирот на снабдување и геополитичката нестабилност кои покажуваат дека се потребни алтернативи на традиционалните бродски рути.

На почеток