Свет

Руската армија синоќа соборила 28 украински беспилотни летала

Руските воздухопловни сили синоќа собориле вкупно 28 украински беспилотни летала над територијата на Руската Федерација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле украински беспилотни летала над Крим, Азовското Море, Краснодарската територија, Белгородската и Ростовската област, се наведува во соопштението, а пренесува РИА Новости.

Откако Русија го започна нападот врз Украина на 24 февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на граничните и централните области, како и на Крим.

На почеток