Свет

Шолц: Ќе депортираме криминалци од Авганистан и Сирија

Олаф Шолц позитивен на Ковид

Канцеларот Олаф Шолц вчера вети дека Германија повторно ќе започне со депортација на криминалци од Авганистан и Сирија, откако авганистански имигрант уби полицаец и повреди четворица други во напад со нож минатата недела.

Бруталниот напад во Манхајм, кој беше снимен и набрзо стана вирален, ја шокираше земјата. Шолц вчера се обрати во парламентот со говор кој се фокусираше на безбедноста. Говорот на канцеларката доаѓа во пресрет на изборите за Европскиот парламент, каде се очекуваат големи успеси за кандидатите на крајната десница.

„Ме лути кога некој што побарал заштита овде ги прави најтешките злосторства. Таквите криминалци треба да бидат депортирани, дури и ако доаѓаат од Сирија и Авганистан“, рече Шолц, кој беше проследен со аплауз од пратениците.

25-годишниот напаѓач, кој уби 29-годишен полицаец, дошол во Германија во 2014 година како барател на азил. „Тука немаат место за сериозни криминалци и терористички закани. Во такви случаи, германските безбедносни интереси ги надминуваат интересите на сторителите“, беше јасен Шолц.

На почеток