Свет

Бајден и се извини на Украина за доцнењето на воената помош: Нема да му свртиме грб на Киев

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска јавно и се извини на Украина за повеќемесечното задржување на американската воена помош и најави нов пакет воени пратки во вредност од 225 милиони долари.

Говорејќи во Париз еден ден по присуството на настаните по повод 80-годишнината од Денот Д во Нормандија, Бајден му се извини на украинскиот народ за задржување на помошта, пред да биде одобрена дополнителна помош од 61 милион долари во април.

Американскиот претседател нагласи дека Вашингтон стои до Украина и покрај доцнењето на помошта и вети дека Вашингтон нема да му сврти грб на Киев, пренесува АП.

„Многу е важно во ова единство сите Американци да останат со Украина како што беше за време на Втората светска војна кога САД помогнаа да се спасат човечки животи, да се спаси Европа. И ние сметаме на вашата постојана поддршка да застанете со нас рамо до рамо“, рече Зеленски.

На почеток