Свет

Грчката влада призна „пирова победа“

Грчката конзервативна влада на Нова демократија призна дека не ја постигнала својата цел на изборите за Европскиот парламент, при што владиниот портпарол Павлос Маринакис ја нарече „пирова победа“, истакнувајќи дека партијата ја примила пораката испратена од гласачите.

Премиерот Кирјакос Мицотакис како можни причини за ваквиот резултат наведе рекорден број воздржани, пренесува Политико.

Нова демократија ја задржа предноста пред противниците, но нејзиниот удел во гласовите падна за 13 отсто во споредба со минатогодишните национални избори и пет отсто во однос на последните европски избори.

Како што се наведува, се очекува наскоро да се изврши суштинска реконструкција на кабинетот.

На изборите за ЕП, Нова демократија освои 28,31 отсто од гласовите, опозициската левичарска Сириза освои четири мандати со 14,92 отсто од гласовите, додека Социјалистичката партија Пасок ќе има три мандати со 12,79 отсто од гласовите.

Националистичката партија „Грчко решение“ освои два мандата со 9,3 отсто од гласовите, а Комунистичката партија ККЕ два мандата со 9,25 отсто од гласовите.

По еден мандат освоија партиите Ники (4,37 отсто), Пут слобода (3,4 отсто) и Гласот на разумот (3,04 отсто).

На почеток