Свет

Сите се предупредени: Путин ќе војува со НАТО

Ханан: „Путин е на дофат до застрашувачка победа, ако тоа се случи, светскиот поредок каков што го знаеме ќе падне“

Поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Дејвид Петреус испрати предупредување до западните земји да се разбудат затоа што Путин „ќе војува со НАТО ако победи во војната во Украина“.

„Тој беше многу јасен и мислам дека е јасно, гледајќи наназад, дека требаше да го слушаме тој поединец (рускиот претседател). Тој ни кажува во што верува“, рече Петреус во интервју за британски „Сан“.

„За да го победи Путин“, истакна Петреус, „Западот мора да направи се што е можно за да и помогне на Украина“.

„Украинската војна може да се прошири во регионот доколку Путин успее во Украина. Тој нема да биде задоволен со застанувањето во Украина. Молдавија очигледно би била следната, а после тоа би можела да биде Литванија или некоја од балтичките земји“, рече Петраус и јави Танјуг.

Тој оцени и дека клучот за победата на Украина е брзото зголемување на бројот на војници и воена моќ со помош на нејзините западни сојузници.

„Реалноста е тешка, и тоа е уште повеќе причина зошто треба да направиме се што можеме за да и помогнеме на Украина на кој било начин“, додаде Петреус.

Тој исто така посочи дека Украина мора да направи и голем технолошки напредок, потсетувајќи на нејзиниот успех во поразот на руската флота во Црното Море.

„Имајте на ум дека украинците го направија она што го направија во Црното Море, не со помош на бродови или морнари, туку со беспилотни летала. Поморските беспилотни летала, воздушните беспилотни летала и противбродските проектили им овозможија да потонат третина од флотата во Црното Море“, рече Петреус.

На почеток