Свет

Портпаролот на Олаф Шолц: Нема да има вонредни избори во Германија

Во Германија нема да има вонредни избори и покрај лошиот настап на владејачката коалиција на изборите за Европскиот парламент, изјави денеска портпаролот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебстрајт.

„Редовниот датум за избори е следната есен. И тоа е она што планираме да го направиме“, рече тој на прес-конференцијата.

Откако социјалдемократите (СДП) го постигнаа својот најлош резултат досега со 14 отсто, зад екстремната десница АфД (16 отсто) и конзервативниот блок ЦДУ-ЦСУ (30 отсто), многу политичари во Германија го повикаа Шолц да повика на предвремени парламентарни избори.

„Факт е дека коалициската влада е надгласана и Олаф Шолц мора да распише нови избори, како Макрон“, изјави премиерот на германската покраина Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја распушти владата откако неговата партија ,,Преродба” освои 15,2 отсто од гласовите, додека десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен освои околу 32 отсто од гласовите.

Макрон посочи дека „главната лекција е научена“ на изборите за Европскиот парламент, односно дека „партиите што ја бранат Европа“ не постигнале добри резултати.

На почеток