Свет

Русија регрутира затворенички

На крајот на мај, Русија ослободи група жени од затвор за да се приклучат на војната во Украина, објавија две поранешни затворенички, пишува The New York Times. Сепак, не е познато дали нивното ослободување е изолиран случај, пилот програма или почеток на поголем бран на регрутирање затворенички. Воените регрутери почнаа да ги посетуваат женските затвори низ европскиот дел на Русија повеќе од една година откако на затворениците им понудија помилување и плати во замена за одење на боиштата.

Сепак, до сега жените кои се пријавиле да одат во војска останале во затвори без официјално објаснување. Десетици илјади осудени Руси ја прифатија поканата на армијата. Илјадници од нив беа убиени во Украина, а некои извршија тешки злосторства по нивното ослободување. Со регрутирање затворенички, пишува NY Times, Русија се обидува да избегне мобилизирање на населението.

Не е познато какви улоги треба да преземат жените на фронтот. Воени регрутери посетија затвор во близина на Санкт Петербург минатата година и им понудија на затвореничките договори за една година како снајперисти, медицински персонал и радио оператори на првата линија, што е значително отстапување од претежно помошните позиции на женски војници. Тогаш се пријавија околу 40 од 400 затворенички.

Им беше понудено помилување и плата од околу две илјади долари месечно, што е околу 10 пати повеќе од минималната плата во Русија. Две жени кои беа сведоци на регрутирање во затворот минатата година, изјавија за Њујорк Тајмс дека затворениците се пријавиле и покрај заканите од воените офицери кои го посетиле.

Како една од причините зошто жените се пријавуваат во војска, поранешните затвореници ги наведуваат суровите услови во руските затвори. NY Times пишува дека на затвореничките во близина на Санкт Петербург им е забрането да зборуваат, тие работат и до 12 часа на ден во затворските работилници, дури и на ниски температури. Освен Русија, воени заробеници користи и Украина. Имено, владата во Киев минатиот месец одобри слична шема, а украинските власти објавија дека оттогаш илјадници осуденици се пријавиле за регистрација.

На почеток