Хорор во Загреб: Маж се самозапали со бензин пред зградата на хрватската влада

Од
Објавено на

Околу 9 часот и 40 минути пред оградата на јужната страна на Марковиот плоштад во Загреб, непознато лице се полило со бензин и се самозапалило, потврдија за Индекс од загрепската полиција.
Според неофицијални информации, маж се самозапалил и се здобил со тешки телесни повреди.
Итната помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а мажот бил жив кога започнало лекувањето на повредите.
