Свет

„Ја однесов на нива и ја убив со шрафцигер“: Снимен моментот кога 11-годишната девојка влегла во автомобил на нејзин роднина во Грција, потоа била пронајдена мртва

Безбедносните камери го снимиле моментот кога девојка (11) влегла во автомобил на нејзин роднина во Грција, а неколку часа подоцна била пронајдена мртва.

Малата Василики Николопулу (11) исчезнала во неделата навечер во 21 часот и 10 минути, а нејзиното семејство ја пријавило за исчезната околу 3 часот по полноќ.

За жал, девојката била пронајдена мртва во понеделникот, со убодни рани на вратот. За убиството е осомничен нејзин роднина, кој претходно бил осуден за силување малолетничка. Наводно во полиција го признал убиството.

,,Ја однесов на нива и ја убив со шрафцигер“, наводно рекол осомничениот роднина по неговото апсење.

Девојчето било пронајдено мртво во месноста Илија, а според локалните медиуми, осомничениот, иако го признал убиството, не навел мотив, пренесува Телеграф.

Недолго откако родителите на Василики го пријавиле нејзиното исчезнување, полицијата ги прегледала безбедносните камери, кои го снимиле девојчето како влегува во автомобил. Набрзо било утврдено дека се работи за возилото на нејзина рднина. Во овој момент не се знае дали детето било малтретирано пред убиството, а телото на малата Василика е пронајдено на нива.

На почеток