Свет

Воз усмрти жена кај Смедерево: Се обидeла да ја премине пругата на недозволено место

Возило удрило во 80-годишeн старец во Скопско

На отворениот дел од пругата Мала Кришна – Велика Плана, помеѓу станиците Осипаоница и Лозовик, денеска околу 11 часот, локомотива налетала на женско лице на велосипед, додека таа се обидувала да ја помине пругата на непрописно место, а во таа прилика имаше фатален исход, вели тој во соопштението на „Србија Карго“.

Локомотивата патувала сама од правец на Мала Кришна кон Лапово.

На местото на настанот излегоа членови на МУП и железничка комисија за истрага на вонредни настани.

„Србија Карго“ овој пат апелира и предупредува да се почитуваат сообраќајните прописи и сите предупредувачки знаци, а пругата се поминува исклучиво на патните премини, бидејќи само така ќе се избегнат вакви несреќи и ќе се спасат човечки животи.

На почеток