Македонија

Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот. Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница.

Во изминатите неколку дена во Општата болница со прширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.

„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

На почеток