Мерко доби дозвола за основање Факултет за здравствени науки во Струга
Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ќе добие нова образовна гранка. Отсега на универзитетот ќе има и Факултет за здравствени науки. Вакво решение донесе министерот за образование и наука во заминување е Јетон Шаќири.
Според Министерството за образование и наука е утвредено дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација.
Во Македонија има неколку медицински факултети, вклучувајќи го Медицинскиот факултет во Скопје, Штип и Тетово, а од минатата година дозвола за основање на Факултет за здравствени науки доби и Меѓународниот универзитет „Визион“ во Гостивар.