Свет

Трамп: Веруваме дека повторно ќе ја освоиме Белата куќа

Жена го обвини Трамп за силување и клевета, Судот одлучи: Не може да се повика на имунитетот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се сретна на Капитол Хил со републикански функционери, што е негова прва посета на Капитол по немирите на 6 јануари 2021 година предизвикани од неговите поддржувачи кои упаднаа во Конгресот.

Трамп, републиканскиот кандидат на претседателските избори во ноември, испрати порака за единство, ветувајќи дека ќе ги „поправи“ сите постоечки разлики во партијата, пренесува Би-Би-Си.

Во четвртокот наутро, Трамп пристигна во зградата на републиканците во близина на зградата на американскиот Капитол, поминувајќи покрај мала група демонстранти кои држеле знаци на кои пишувало „Пуч не успеа“ и „Демократија засекогаш, Трамп никогаш“. На кратката прес-конференција, Трамп рече дека има „големо единство“ во Републиканската партија и вети дека ќе застане со колегите републиканци, дури и со оние со кои не се согласува.

По средбата меѓу Трамп и републиканците во Претставничкиот дом, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон рече дека поранешниот претседател „донел извонредна количина на енергија и ентузијазам“.

„Веруваме дека ќе ги вратиме Белата куќа и Сенатот и ќе го зголемиме мнозинството во Претставничкиот дом“, рече Џонсон.
Посетата на Трамп беше поздравена од други републиканци, вклучувајќи го и лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, кој го критикуваше поранешниот претседател во минатото.

На почеток