Татко во алкохолизирана состојба ја избодел ќерката во Призрен: Девојчето се бори за живот

Од
Објавено на

Синоќа нешто по полноќ во Призрен е уапсен татко кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата ќерка (21) и и нанел повреди опасни по живот. Регионалниот полициски центар во Призрен потврди дека А.Ш. (44) со нож ја нападнал ќерката Е.Ш по расправија под дејство на алкохол, нанесувајќи и повреди на грбот.
Таа е во критична состојба и лекарите во болницата во Призрен се борат за нејзиниот живот.
Случајот е окарактеризиран како обид за убиство.
Осомничениот татко, бил во алкохолизирана состојба и по наредба на надлежен обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа.
