Свет

Украина не ги прифаќа условите на Путин за прекин на војната

Зеленски призна: Офанзивата не ја постигна целта, но имаме решение од кое најмногу се плашат Русите

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за завршување на војната што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој го отфрли предлогот на Путин, оценувајќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за никакви преговори.

Подољак додаде за Ројтерс дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.

Тој изјави дека украинските војници ќе мора да се повлечат од териториите на Луганската Народна Република, Доњецката Народна Република, Херсон и Запорожје.

„Штом Киев ќе изјави дека е подготвен за таква одлука и ќе започне со вистинско повлекување на војниците од овие региони, а исто така официјално информира за откажување од плановите за влез во НАТО, наредба од наша страна за прекин на огнот и почеток на преговори ќе следете веднаш, буквално во истиот момент, ќе го направиме тоа веднаш“, рече Путин.

Тој додаде дека на Москва и треба неутрален, неврзан, ненуклеарен статус на Украина за мирно решение.

На почеток