Свет

Експлозии и пожари во подземен паркинг во Швајцарија: Две лица загинаа, најмалку 11 лица се повредени

Пожар избувна во фабрика во Горно Седларце, вработен со повреди пренесен во болница

Две лица загинаа, а 11 се повредени по неколку експлозии и пожари на подземен паркинг во швајцарскиот град Нусбаумен во Аргау, соопшти кантоналната полиција.

Во полиција синоќа околу 19 часот биле пријавени неколку експлозии, а пожарот кој до доаѓањето на пожарникарите се проширил на првиот кат бил изгаснат до 23 часот, јавува Свис инфо.

Жителите се евакуирани и засега не им е дозволено да се вратат во становите, а локалните власти итно им обезбедуваат живеалишта.

Во акцијата за гаснење биле вклучени три хеликоптери.

На почеток