(Видео) Груби фати пат да ја бодри Албанија во Германија, иако не отиде за Македонија на Европското во 2021 година
Вицепремиоерот во заминување, Артан Груби денеска го фати патот за Германија. Целта беше да се гледа натпреварот Италија-Албанија, каде Албанија изгуби. Груби имаше и придружба, беше облечен во одело и го бодреше западниот сосед.
Наспроти ова, кога Македонија играше на Европско првенство во 2021 година, Груби не отиде да ја бодри. Во јавните архиви, не се наоѓа фудбалски настан на македонската репрезентација каде тој присуствувал во последните години.
Груби е поранешен навивачки водач на групата „Шверцери“.
Во јавноста посебно актуелен стана во 2011-та година, кога беше еден од организаторите на инцидентите на Кале, за што и доби две години условна казна затвор. Хулиганството на скопското Кале го однесе Груби до политичките височини. Со текот на годините стана десна рака и најблизок соработник на Ахмети.