Трагедија: почина голманот на Црна Гора на 26 години, ненадејно му се слоши
Голманот на црногорската репрезентација Матија Шаркиќ почина утрово во Будва, објави „Вијести“.
Според овој медиум, му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал.
Шокантната вест растажи многумина во Црна Гора, дотолку повеќе што Матија неодамна блескаше на натпреварот на репрезентацијата против Белгија во Брисел.
Шаркиќ имал 26 години, а пораснал играјќи фудбал во помладите категории Андерлехт и Астон Вила.
Тој бранеше за Милвол во Англија, каде што е роден во јули 1997 година во Гримсби. Играше и за Виган, Стратфорд, Бирмингем, Стоук, Шрусбери, Ливингстон и други клубови.
Тој одбра репрезентативно да ги брани боите на Црна Гора и во претходните пет години одигра девет натпревари за „децата“. Тој го имаше своето деби против Белорусија во 2019 година.