Македонија

Сите министри, од сите партии кои ќе бидат дел од новата Влада

Партијата Беса ги претстави кандидатите за идни министри во новата Влада

Беса која е дел од коалицијата Вреди соопшти дека иден министер за социјална политика демографија и млади ќе биде Фатмир Лимани. Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши. А пак, заменик министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани. Овие кандидати ќе се најдат на листата која треба да поомине на седница на Собранието која е закажана за во вторник.

И Максим Димитриевски ги кажа своите министри

Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски веќе ги потврди двајцата министри кои ги добија со коалицискиот договор. Игор Филков, е предлог да раководи со правда, а Горан Минчев е кандидат за министер за администрација.

И Алтернатива знае со кого ќе настапува 

На Централното претседателство на Алтернатива Орхан Муртезани, едногласно е избран за кандидат на партијата за министер во Министерството за европски прашања – соопштија од партијата. Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

ВЛЕН

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер и воедно министер за екологија, додека лидерот на Алијанса за Албанците и се уште актуелен градоначалник на Гостивар Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.

Бесар Дурмиши, ќе биде министер за економија и труд. Седат Сулејмани ќе биде заменик министер за култура и туризам.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе пресече

Јасно е дека премиер ќе биде Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Листите за министри не се потврдени и тоа ќе биде направено денеска. Но истовремено, во јавноста протекоа одредени имиња и функции.

Панче Тошковски се враќа во МВР, Гордана Димитриеска-Кочоска ќе биде министерка за финансии, Тимчо Муцунски оди во Министерството за надворешни работи, Владо Мисјаловски оди во Министерството за одбрана, Весна Јаневска оди во Министерството за образование, Цветан Трипуновски се враќа во Министерството за земјоделство, Алексаднар Николоски оди во Министерството за транспорт, Борко Ристески во новото Министерство за спорт, Зоран Љутков во Министерството за култура.

На почеток