Македонија

81 година од стрелањето на 12-те ваташки младинци

“Делегација на Левица ЛО Кавадарци, придружувана од членови на ЛО Богданци положија свежо цвеќе на паметникот на 12-те младинци, кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

Безмалку еден век подоцна не стивнуваат болката и тагата од овој грозоморен чин, којшто во историјата е окарактеризиран како еден од најкрвавите и најбруталните злосторства извршени на нашите простори.

12-те ваташки СКОЈ-евци се пример за непокорливата борба на нашиот народ којашто и ден денес Македонецот ја води како кон надворешниот, така и кон домашниот непријател сѐ до негово конечно ослободување!

Да не се повтори и да не се заборави!”, велат од Левица.

На почеток