Македонија

Познати и замениците-претседатели на Владата

До 23 јуни, Македонија треба да ја добие новата Влада. Ова го кажа Христијан Мицкоски, кој рече дека веќе утре ќе ги достават сите имиња на министри ќе бидат достравени до Собранието, каде пратениците ќе требаат да гласаат. Освен министрите за кои веќе објавивме, свое место најдоа и претседателите на Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите.

„Претседателот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски ќе биде предлог за заменик-претседател на Влада одговорен за политичкиот систем. Иван Стоиљковиќ, ќе биде исто така предлог за заменик-претседател на Влада и минситер на ресорот за односи меѓу заедниците. И Шабан Салиу кој ќе биде министер без ресор, задолжен за имплементација на декадата на Ромите“, рече Мицкоски.

Тој ги соопшти и останатите решенија:

(Видео) Мицкоски ги кажа сите идни министри од ВМРО-ДПМНЕ: Мисајлоски, Николоски, Муцунски, Тошковски…

 

На почеток