Македонија

Пријавени 11 пожари на отворено, успешно изгасени сите

11 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните нема активен пожар.

Конкретно, изгасените 11 пожари биле во општините: Арачиново, с. Арачиново (горела депонија); Аеродром, 2 во Горно Лисиче (ниска вегетација и ѓубре и жито и ниска вегетација); Бутел, кај хотел „Њу Стар“ (ниска вегетација и ѓубре); Ѓорче Петров, кај населба „Стопански Двор“ (ниска вегетација); Сарај, Долно Свиларе (сува трева и гранки); Петровец, с.Петровец (депонија и сува трева); Охрид, кај хотел Метропол (трска); Кавадарци, с.Росоман (депонија); Неготино, с.Пепелиште (сува трева) и во Општина Кочани, кај месноста „Трајаново Трло“ (горела сува трева, гуми, пластика и друго ѓубре)

На почеток