Свет

Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме

Столтенберг: Русија акумулираше големи залихи ракети пред зимата

НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот на НАТО, по првата посета на Путин на затворената држава со нуклеарно оружје во последните 24 години.

За време на неговата посета и разговори со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Путин вети дека ќе ги продлабочи трговските и безбедносните врски и ќе ја поддржи Северна Кореја против САД, близок сојузник на нејзиниот лут противник Јужна Кореја.

САД ја обвинија Северна Кореја дека и испорачувала на Русија „десетици балистички ракети и преку единаесет илјади парчиња муниција“ кои треба да се употребат во Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничкиот прес-брифинг по разговорот со американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека руската војна во Украина ја поддржуваат Кина, Северна Кореја и Иран, кои посакуваат пад на НАТО.

„Исто така, ние сме загрижени за можната поддршка што Русија би можела да ја даде на Северна Кореја, кога станува збор за поддршката за нивната ракетна и нуклеарна програма“, рече Столтенберг.

Тој рече дека ова, заедно со поддршката на Кина за воената економија на Русија, покажува дека безбедносните прашања во Европа се поврзани со Азија, и додаде дека самитот на НАТО, кој ќе се одржи следниот месец во Вашингтон, ќе ги зајакне врските на НАТО со Австралија Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија.

На почеток