Свет

Трагедија кај Тутин: Црногорец со својот автомобил усмртил српски државјанин, па избегал од местото на несреќата

Полицијата во Новопазар го уапсила С.З. (21), државјанин на Црна Гора, поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Се сомничи дека С.З, управувајќи „пасат“ во Батраге, кај Тутин, при претекнување удрил во мотоцикл управуван од српски државјанин (34), а потоа го напуштил местото на настанот.

Мотоциклистот подоцна починал од повредите.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар, С.З. одреден е притвор до 48 часа, пишува Санџак прес.

На почеток